Отворање на нова година

Објавено на 29.12.2024

Ви посакуваме многу успеси во наредната година и воедно сакаме да ве упатиме во начинот на отварање на нова година во нашиот програм.


Кога да креирате нова година?

Нова година може да креирате на крајот од последниот работен ден во 2024 година или на почетокот на првиот работен ден во 2025.


Подготовка пред отворањето:


  • Проверете ги количините на артиклите.
  • Препорачуваме да направите попис и доколку има отстапувања, да ги корегирате.


Процедура за креирање нова година:

Откако ќе се логирате, во менито во горниот дел од прозорецот, изберете „Отвори нова година“ -> „Нова година“.


Што се случува после креирањето?

Откако ќе креирате нова година, автоматски ќе се креира прием по „Пописна листа“ за сите артикли што ги имате на залиха.


Во изминатата година, со Артема се креирани преку 15.000 фактури. Испечатени се повеќе од 200.000 сметки.


Ви посакуваме уште поголеми успеси во 2025 година! Благодарни сме за вашата доверба и соработка.