Артема - мобилна апликација за нарачки

Олеснете го вашето HORECA работење со нашата апликација за брза и ефикасна услуга на вашите клиенти

Phone 1 Phone 2

Можности

Подолу можете да го видите начинот на работење на нашата апликација и можностите кои таа ги нуди

Избор на дел и скенирање

Корисникот избира да работи со сметки со притискање на копчето „Сметка“, а потоа може да скенира QR код кој се генерира во Артема десктоп апликацијата на копчето „QR“.


Приказ на маси

По скенирањето на QR кодот се прикажува екран со активни маси. Со притискање на копчето „Маси“ се прикажуваат сите маси во објектот, при што зафатените маси се означени со црвена боја, а слободните со сива боја, овозможувајќи лесна ориентација.


Додавање артикли

Со селектирање на работа во некоја од масите се отвора екран кој ги прикажува сите артикли поврзани со избраната маса. Со притискање на копчето „+“ келнерот може да додаде нови артикли. Се отвора пребарувач со сите групи на артикли, а со селектирање на група се прикажуваат сите артикли во неа. Со клик на артикл, истиот се додава во сметката со предефинирана количина 1.


Промена и печатење артикли

Со притискање на веќе додаден артикл се отвора дел за промена на податоците за артиклот, како количина или опис, како и можност за бришење на истиот. При првично додавање, артиклите се со лилјакова боја. Доколку е подесен термален принтер за печатење на артикли за кујна/шанк, артиклите може да се испечатат со притискање на копчето „Печати“.


Завршни операции

Со притискање на копчето за принтање во горниот десен агол на некоја од сметките се отвора делот за печатење на сметка или нарачка. При печатење, корисникот може да го избере начинот на плаќање.