Нова верзија 1.1 на програмот
Со најновата верзија 1.1, нашата апликација добива значајни подобрувања и нови функционалности, кои дополнително ќе го олеснат вашето секојдневно работење.
Нови функционалности и подобрувања:
Составница: Новата функција во шифрарникот за артикли овозможува лесно креирање на составници на артиклите. Со оваа функција, некој артикл може да се состои од повеќе други артикли, овозможувајќи регулирање на количините на залиха соодветно.
Артикли од тип услуга: Сега можете да додавате и управувате со артикли од тип услуга, овозможувајќи овие артикли да немаат следење на залихата.
Подобрување на постоечките функционалности: Имаме направено значајни подобрувања на веќе постоечките функции, вклучувајќи го движењето во табелите и други кориснички интерфејси, со цел полесно и побрзо работење.
Започната имплементација на нов модерен дизајн: Со оваа верзија започнуваме имплементација на нов, модерен дизајн кој ќе донесе свеж и интуитивен изглед на апликацијата.
Следете нè за повеќе информации и новитети!
Секогаш сме тука да ги слушаме вашите предлози и да ја подобриме апликацијата согласно вашите потреби.