Нова 1.05 верзија на програмот
Објавено на 11.03.2024
Со најновата верзија 1.05 нашата апликација носи новa функционалност и подобрувања:
Курсна листа:
- Со гордост објавуваме дека достапна е најновата верзија 1.05, Ви го претставуваме најновиот додаток - Курсната листа. Оваа функционалност е интегрирана со Народната банка на Република Македонија и ќе Ви овозможи автоматско преземање на курсот на валутата која ви е потребна за дадениот датум на документот.
Како функционира?
- Преку спуштачкото мени за шифрарници, корисниците сега имаат пристап до Курсната листа. Со внесување на датум на документот и избирање на соодветната валута, системот автоматски ги пополнува информациите со курсот за тој датум. Ова значително го олеснува процесот на работење.
Исто така поправени се некои мали проблеми околу прозорците за пребарување.
Следете нè за повеќе информации и ажурирања!