Нови пакети и 1.01 верзија на програмот
Во последниот период нашиот тим работеше на неколку додавања и подобрувања на нашиот веб-сајт и како и на нашиот програм. Најпрвин на нашиот веб-сајт се поставени два нови пакета: "Фактури" и "Касиер", кои што исто така се БЕСПЛАТНИ за користење до 01.03.2024г. Повеќе информации за нив може да видите на следниот линк.
Исто така додадена е и целосно документацијата односно упатството за користење за овие пакети како и за пакетот "Материјално". Тие може да ги прегледате, секако доколку веќе се имате пријавено за користење на некои од нив, во горното мени "Упатство за користење", каде што зависно од кој пакет го имате одбрано за тој пакет ќе Ви биде прикажано упатството.
Што се однесува до програмот, направена е и нова верзија 1.01. Направени се некои измени околу истиот со цел за подобрување на функционалноста. Ако сте го користеле до сега, надградбата ќе Ви биде превземена автоматски на следното вклучување на истиот.